Научная статья на тему 'Глаголички натписи на керамички садови oткриени при археолошките ископувања во Скупи (Скопје)'

Глаголички натписи на керамички садови oткриени при археолошките ископувања во Скупи (Скопје) Текст научной статьи по специальности «История и археология»

CC BY
303
47
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
СКУПИ / РИМСКИОТ ТЕАТАР / СЛОВЕНСКА НАСЕЛБА / ГЛАГОЛИЦА / РИМСКИЙ ТЕАТР / СЛАВЯНСКОЕ НАСЕЛЕНИЕ НА БАЛКАНАХ / ГЛАГОЛИЧЕСКАЯ ЭПИГРАФИКА / SKOPJE / ROMAN THEATER / SLAVIC POPULATION IN THE BALKANS / GLAGOLICA / GLAGOLITIC EPIGRAPHIC

Аннотация научной статьи по истории и археологии, автор научной работы — Антонио Јакимовски, Игор Толевски

Со археолошките ископувања на римскиот театар во Скупи 2013-2016, на неколку позиции се открија наоди кои што го потврдија постоењето на една мала словенска заедница на овоj простор од постаро време. Во средновековниот хоризонт каде што припаѓаат куќите-колиби, во две од нив се открија два фрагмента од грниња на кои се сочувани деловите от натписи, изведени со врежување на букви од првата словенска азбука-глаголицата.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

GLAGOLITIC INSCRIPTIONS ON CERAMIC VESSELS UNCOVERED DURING ARCHAEOLOGICAL EXCAVATIONS IN SCUPI (SKOPJE)

During archaeological excavations of a Roman theater in Skopje from 2013 to 2016, traces of a Slavic population were uncovered. In the medieval layer of the excavation, which preserves fragments of houses, there were uncovered two ceramic fragments with Glagolitic inscriptions on them, indicating the presence of a Slavic community in this place.

Текст научной работы на тему «Глаголички натписи на керамички садови oткриени при археолошките ископувања во Скупи (Скопје)»

Глаголички натписи на керамички садови откриени при археолошките ископувагаа во Скупи (Скоп]'е)*

Антонио |акимовски

Универзитет "Св. Кирил и Методи]", Скоп]е, Република Македони]а

Игор Толевски

Фондаци]а Кирил Тра]ковски, Скоп]е, Република Македони]а

Глаголические надписи на керамических сосудах, обнаруженных при раскопках в Скупи (Скопье)

Антонио Якимовски

Университет Св. Кирилла и Мефодия, Скопье, Республика Македония

Игор Толевски

Фонд Кирилла Трайковского, Скопье, Республика Македония

* За да се формира ово] наслов беа потребни поголем бро] на разговори и стручни консултации кои што донесоа одредени насоки кон кои би се ориентирала темата на ово] текст. Во оваа пригода би сакале да се заблагодараме на отец проф. Jован Таковски од Православен богословски факултет Св. Климент Охридски-Скоще ко] што прв имаше можност да продре во нивното значение, на проф. Елица Манева (Универзитет Св. Кирил и Методи], Скоще, Философски факултет, катедра за Исторща на уметност и Археологща), академик Горги Поп Атанасов (Македонска академща на науките и уметностите), на проф. Бобан Петровски (Св. Кирил и Методи]-Скоп]е, Философски факултет, катедра за Исторща) ко] што ]а оствари можноста за комуникацща со д-р Савва Михайлович Михеев од Институтот за славистика на Руската академща на науките во Москва, кои што помогна во читашето и толкувашето на глаголичките натписи.

This is an open access article distributed under the Creative Commons Attribution-NoDerivatives 4.0 International

Апстракт

Со археолошките ископувааа на римскиот театар во Скупи 2013-2016, на неколку позиции се откри]а наоди кои што го потврди]а постоеаето на една мала словенска заедница на ово] простор од постаро време. Во средновеков-ниот хоризонт каде што припагаат куките-колиби, во две од нив се откри]а два фрагмента од грниаа на кои се сочувани деловите от натписи, изведени со врежуваае на букви од првата словенска азбука-глаголицата.

Клучни зборови

Скупи, римскиот театар, словенска населба, глаголица

Резюме

Во время археологических раскопок римского театра в Скупи в 2013-2016 гг. были открыты данные, которые доказывают древнее наличие в этом месте славянского населения. В средневековом горизонте, содержащем следы жилых построек, относящихся к славянской общине, в двух слоях были открыты фрагменты керамики со следами глаголических надписей.

Ключевые слова

Скупи, римский театр, славянское население на Балканах, глаголица, глаголическая эпиграфика

Неколку важни историско-политички настани кои што се случиле во периодот од крарт на доцната антика влщаеле на промената на тога-шната слика за Балканот. Соцщално-економските кризи, немирот на духовно поле, како и нападите на голем бро} воинствени народи кои што сукцесивно продирале преку Лимесот, ке предизвикаат во балкан-ските византиски територии да се зачне еден нов мултикултурен степ-ски елемент.

Периодот од VII до X век на просторот од Скопско, сеуште претста-вува недоволно истажуван сегмент од средновековието.

Археолошкиот локалитет Скупи се наога на северозападниот дел од Скопската котлина, на одалеченост од 4 км (спротивно на текот на реката Вардар) запад-северозапад од големиот sидан Камен мост во центарот на современо Скоще или на самиот влив на реката Лепенец во Вардар (Карта I). е еден од на}значарите градови од римскиот период и еден од на^олемите археолошки локалитети во Р. Македонща.

Освен културниот хоризонт од римскиот период на ко] му припага театарот (наброени се и другите об]екти, прикажани на План I), во него се утврдени уште неколку културни хоризонти, кои претходеле на градбите од римскиот период, односно се формирале по престанокот на неговата употреба. Потврдени се неколку фази на егзистираае на ово] простор ко] опфака 10.000 м2. Следе^и ги хронолошки, тие започ-нуваат со некрополата од железното време VIII-VII век пред н. е., на

Карта I.

Скопската Котлина со средновековните локалитети.

План I. План на градот Скупи и ископyваните сектори [Jovanova 2015].

182 I

Слика 1. Истржувани об]екти 2008-2009 година [Jovanova 2015].

истата локацщата подоцна ке биде изграден театарот со негово егзи-стирайе од II до доцен IV и ран V век, а над урнатините од театарот се формирало населбинско живеейе датирано во рановизантискиот период доцен V - ран VII век, следна е населбата од средновековниот период IX-X век, над ко]а потоа се формирала малата средновековна некропола X-XI век.

Скупи како воен и стратегиски легиски логор бил формиран во првата половина на I век од н. е., а со населувайето на легиските вете-рани Скупи добива статус на самоуправна дедуктивна колонща, додека во времето на императорот Домицщан 84-85 година градот е именуван како Colonia Flavia Scupinorum — на]честа запишана форма на епиграф-ските споменици. Според димензиите градот зафака површина од 44 хектари и имал на]висок статус на римски град (единствен на тери-торща на Р. Македонща). Град, каде што се мешале различни влщанща, воени, културни, политички, трговски и економски, кои произлегле од неговата извонредна гео-стратешка местоположба во центарот на Балканот, крстопат, помегу особено значарите патни правци, кои го поврзувале развиениот ]уг со северот и истокот со западот [Микул-чик И. 1982: 37-41; Коракевик 2002: 13-16; Jobahoba 2015а: 9]. Скупи

Слика 2. Почеток на ископувашата на римскиот театар во Скупи 2013 година.

[Иванова 2008; J0VAN0VA 2015В]1 е мегу првите урбанизирани центри (Сл. 1-2), во самата смисла на зборот, на^рво како средиште на про-винцщата Мов81а Бирепог, додека за време на владеешето на импера-торот Диоклецщан (284-305 год.) станува главен град на провинцщата Dardania, а подоцна и седиште на Скупската епископща.

Егзистирашето на Скупската епископща и не}зиниот последен за-бележан епископ, кон крарт на V век, само побудува размислуваша за стремежот на тогашните жители на Скупи да го сочуваат нивниот град од налетот на воинствените доданци од север. Напливот на „вар-варскиот свет" од север, како и нивното (подоцнежно) населуваше во разурнатите палати во градот, а периодот на коегзистенцща со афто-хтоното население, воопшто нема да намалат христщанската вера и

1 Во овие две публикации даден е сеопфатен приказ на исторщатот на градот преку досега откриените градби.

надеж, ова средиште да ги продолжи традициите втемелени во VI век со формирайето на архиепископщата ^стинщана Прима [Алексова 1995: 84; Братож 2000: 62-73; Лилчик 2013: 1011-1014].

Раното средновековие2 на Скупи е период ко] што на]малку се ис-тражувал [Бабик 1995: 153; Манева 1994: 167; 1995: 129], иако на неколку локации последните педесеттина години биле откриени архи-тектонски или движни наоди кои го потврдуваат континуитетот на неговото егзистирайе. Првите скромни сознанща за постоейе на на-селба од постурбаниот период потекнуваат од археолошките ископу-вайа изведувани во и околу Ранохристщанската базилика со крстил-ница, при што се утврдило присуство на примитивни зитчиаа и ]ами за дрвени колци [Гарашанин, Корачевик 1979: 36, 39, Сл. 2]. Понатаму со продолжувайе на систематските археолошки ископувайа, слични об]екти, а во нив и фрагментирана керамика и други наоди се откриваат на локациите ка] калдариумот на доцноантичката терма [Коракевик 2002: 165-170, Сл. 118, Т. 10, 11; Jovanova 2015в: 34], од спротивната страна на доцноантичката терма помегу новооткриената голема Ранохристщан-ска базилика со атриум и дел од sидовите на големиот термален об]ект од пораниот период [Ончевска-Тодоровска 2010: 281; Jovanova 2015в: 26], ]угоисточниот откриен сегмент од доцноантичкиот бедем [Иванова 2015б; Jgvanova 2015a: 249], и римскиот театар [Микулчик Г. 1983: 144; КузмАновски 2016; ТолЕвски 2016]. Откриените наоди потврду-ваат за континуираниот живот VII-XII век на Скупи, со можни кратки прекини заради поместувайето на населбинското живеейе во рамките на ово] микро регион.3

Со археолошките ископувайа на римскиот театар (2013-2016)4 на неколку позиции во рамките на театарот и блиската околина се открща

2 Раното средновековие е еден од на]малку истражените периоди во Република Македонща. Имено, на ово] период припагаат локалитетите Давина, Kaj селото Чучер;Скупи; Клучка raj Хиподром, Скопjе; Градиште кaj селото Дебреште; Кале кaj селото Крупиште; Св. Горги, Стар Караорман и други. Археолошките состс^би и проблеми од овоj период се поле на интерес на проф. д-р Елица Манева [2013, 12661275].

3 Се мисли на ареалот на roj се простирал градот Скупи (44 хектари) или на западната и северозападната падина на Зajчев Рид.

4 Проектот "Антички театар — Скупи, Истражуваша, заштита, конзервацща, реставрацща, реконструкцща и презентацща 2013-2017 година" започна во 2013 година. Проектот e вклучен во капиталните инвестиции на Владата на Р. Македонща, реализиран од Миниството за култура на Р. Македонща, а координиран од Управа за заштита на културното наследство. Носители на проектот се Филозофски факултет — Скоще и Музеj на град Скоще. Целта на Проектот е целосно истражуваше, односно откриваше на архитектонската структура на театарот, негова конзервацща, реконструкцща, ревитализацща и презентацща пред пошироката jaвност. Крajнaтa цел е негово ставаше во функцща на jaвно добро како современ културен епицентар каде ке се одржуваат

Слика 3. Остатоци од средновековната населба во римскиот театар (фото: С. Неделковски).

наоди кои што се поврзани со постоешето на една мала словенска селска заедница (Сл. 3; План II). Карактеристичната керамика, елементи од накит, како и самиот начин на градеше на куките-колиби (21 на бро} куки), укажува дека оваа мала населба или заселок, егзистирала во пери-одот 1Х-Х век. Ова тврдеше го поткрепща и неколкуте бронзени и среб-рени византиски монети кои што беа откриени во слоевите на населбата. Монетите припагаат на византиските императори Лав VI (886-912), Никифор II Фока (963-969), анонимен фолис датиран во првите години од ковашето на таа серща, по 976 година и сребрена монета на импера-торите Василщ II и Константин VIII во периодот од 976 до 985 година од заедничкото владееше.

Керамичките целосно зачувани садови и фрагменти од нив, кои што со археолошките ископуваша се прона;щоа на просторот од театарот

бродни културни манифестации, концерти, промоции, перформанси и сл. Археолошките истражуваша во 2013 година се изведуваа под раководство на проф. д-р Виктор Лилчик Адамс, за потоа истата година, по неговото назначуваше за директор на Управата за заштита на културно наследство, продолжат под раководство на доц. д-р Антонио )акимовски и Ленче Иванова.

План II. План на римскиот театар во Скупи и средновековната населба.

се работени на бавно ротирачко колце, а при нивното производство се употребувала прочистена глина или пак смеса на глина во ко]а се соджат момирок, поситни и покрупни каменчиаа дробен кварц, песок и орган-ска матерща. Во сетот на керамички садови се срекаваат голем бро^ на грниаа (лонци), паници (здели), чаши, големи лонци-амбалажни садови (купови) и здели со поголеми димензии (Т. I, II). Декорацщата на са-довите е типична словенска орнаментика, односно врежани брановид-ни линии, самостори или во комбинацща со хоризонтални врамени или раздвоени со поголем слободен простор, чешлест вертикален орнамент, вертикални врежани кратки линии, и др. Дното на садовите исто-така е означено со релефни втиснати орнаменти, карактеристични за голем дел од просторот на }угоисточна, Источна и Централна Европа.

Во средновековниот хоризонт откриен на театарот во Скупи, каде што припагаат куките-колиби, во две од нив се открща два фрагмента од грниаа на кои се наогаат врежани букви од првата словенска азбука — глаголицата.

Т. I. Средновековна кука 2 (1, 2), средновековна кука 3 (3, 4, 5, 6, 7), структура 4 печка (8) (цртал: И. Толевски).

10

11

12

13

14

15

1

2

3

6

4

5

7

8

9

Т. II. Средновековна кука 3 (1, 10, 11), Структура 4 печка (2), Аголна структура 15 (3), Средновековна кука 5 (4, 5, 8, 12, 13, 14), Кружна структура 6 (6), Средновековна кука 7 (15), Средновековна кука 8 (7, 9) (цртал: И. Толевски).

Првиот фрагмент (Сл. 4; Цртеж 1) се откри во рамките на средно-вековната кука 1 (кв. F6, F7/149) Koja се наога на повисока кота од оста-натите куки, односно на северозападната страна од горното гледалиште на театарот. Ово} фрагмент со димензии 5x6см припага на горниот дел од грнето под вратот кон рамениот по}ас веднаш под брановидната деко-рацща, при што во два реда се наогаат врежани глаголички букви:

(...)[®]2™(...)

цртал: И. Толевски

Слика 4. Керамичен фрагмент Цртеж 1. Технички цртеж на керамичен

од грне со врежани глаголички фрагмент од грне со врежани глаголички

букви (фото: И. Толевски). букви.

Транслитерацц/а: (...)[у]ст(...)|(...) Варъв(...).

Палеографско датираюе: Версдатно, до 1100 година (натписот е обла глаголица и не содржи никакви иновации и палеографски знаци).

Коментар: Натписот, очигледно го содржи името Варвара? или при-сво^ата придавка Варварин? Пример е топонимот Варвара (село Варвара), месност зужно од градот Скоще (според Савва Михеев).

Примарно, од естетска гледна точка, буквите држат строга линща и приближно еднаква височина, добра вештина и прецизност во начинот на испишувааето на облите букви, се карактеристиките на личноста ю^а што ги врежала на површината од меката глина на садот.

Вториот фрагмент (Сл. 5; Цртеж 2) се откри во рамките на структура 4 — печка или локална фурна, ко]а што се протега во (кв. F1, F2, G1, G2/149) долното ниво на населбата, односно на нивото на кое се открща поголемиот бро] на средновековните куки. На површината на дното на фурната со тенок сло] од запечена глина, во сло] од гареж и пепел се откри фрагмент од дно на грне. При самото дно со димензии 5 х 3,5 см се наогаат во два реда врежани глаголички букви:

8ДЬ[^](...) --V(...)

Слика 5. Керамичен фрагмент Цртеж 2. Технички цртеж на керамичен

од грне со врежани глаголички фрагмент од грне со врежани глаголички

букви (фото: И. Толевски). букви.

Транслитераций: сЬр[ъ](...)|--ц(...).

Палеографско датираюе: Веро]атно, до 1100 година (натписот е об-ла глаголица и не содржи никакви иновации и палеографски знаци). Коментар: Првата буква — како 8, втората буква — како лигатура Натписот, очигледно започнувал од корнот с%р- '^ар' (според Савва Михеев). Овие обли букви се погрубо испишани, но сепак ]а задржале линщата на редот.

Според сознанщата што се добща со откривааето на средновековното словенско населбинско живееае при археолошките ископувааа на те-атарот во Скупи, датирано во периодот на IX-X век, потврдено е и со

неколкуте откриени византиски монети. Овие два фрагменти од грнча-рща на кои се врежани глаголички букви потекнуваат од периодот на X век и претставуваат доказ за на}раната употреба на глаголицата на ово} северен и североисточен дел од македонската територща. По}авата на глаголицата во ово} дел од североисточната територща на Македонща, веро}атно би било поврзано со активностите на словенскиот епископ Константин (Брегалнички) raj во почетокот на Х век ке продолжи во Брегалничкиот регион и пошироко, службата на неговите учители св. Методщ а подоцна и св. Климент Охридски [Поленаковик 1969: 101102; Пентковский 2015: 133-135]. Прашааето за толкувааето на знаци-те делумно слични на глаголичките кои што биле врежани на површи-ната на поголем дел од камени блокови, мермерни плочки и фрагменти од антички скулптури пронадани на неколку локации околу селото Кру-пиште на Брегалница5 [Алексова 1989: 110, 271, 284-298, Сл. 122-145] сеуште во науката останува отворено [Илиевски 2001: 310-311].

Заради потребата да се обезбеди словенскиот }азик за литургиски во полза на словенската црковна организацща, на просторите каде што делувал епископот Константин (Брегалнички), биле употребувани пи-шуваните со глаголица богослужбени книги, создавани во словенската епископща на св. Климент Охридски, ю^а што се наогала на територща-та на }угозападна Македонща и на }ужна Албанща [Мучай et al. 2014: 12-13, 34; ПЕНтковский 2015: 126-127, 130-131]. Наспроти тоа, преку редовната употреба на словенскиот }азик и глаголичката азбука во бо-гослужбените книги, резултирало со служеае на глаголицата надвор од црковната служба, односно се преточила во запишуваае на едноставни натписи на керамички садови за домашните потреби.

Различните глаголички натписи сведочат за употреба и распро-странетоста на глаголицата во IX-X век на Балканот (откривани на територите на Србща, Бугарща и Македонща), односно во рамките на Првата бугарска држава, каде што по 885 година ке продолжи плодната дерост на учениците на светите Константин-Кирил и Методщ предво-дени од св. Климент Охридски.

Како пример глаголички букви биле откриени на sидовите од Трка-лезната црква во Преслав кои потекнуваат од крарт на IX и почетокот на Х век [Попконстантинов, Мединцева 1982; Медынцева, Попкон-стантинов 1984: 49-54, Табл. VII; ИлиЕвски 2001: 148, Сл. 20], со што се потврдува употребата на глаголицата во Источна Бугарща во времето на

5 Околината на селото Крупиште е позицщата на ко]а се наогаат повеке локалитети со остатоци од архитектонски об]екти во кои се откривани голем бро] на знаци делумно слични со глаголичките, црквата посветена на Св. Никола, црквата на Клетовник, Крстовидната црква на Кале, Катедралната црква на Кале и други [Алексова 1989, 110].

владееаето на кнезот Симеон (893-927). Исто така на територщата на Србща, на локалитетот Гамзиград (римска Felix Romuliana), во сло] од средниот век откриен е керамичен сад (бокал) на чща што долна површи-на на садот биле секундарно врежани неколку глаголички букви, коишто според прикажаниот цртеж и делумната оштетеност се недоволно читли-ви, а потекнуваат од средновековниот сло] на X-XI век [Томовиъ 1990: 10, Сл. 1,2]. Освен тоа, на археолошкиот локалитет ко] претставува ан-тичка тврдина и средновековна некропола на вливот на малата река Пе-саче во Дунав на територщата од Србща, во рамките на средновековната некропола во гробот покра] нозете на покорикот била поставена тула со секундарно врежан крст поставен на постамент и неколку глаголички букви. Според стилските карактеристики на врежаните глаголички бук-ви тие би можеле да се датираат во периодот X-XI век [ibid.: Сл. 1,3].

Фрагмент од керамичен сад (со димензии 7,5 х 4,5см) со измазнета површина и окересто-црвеникава бо]а, декорирана со врежани крстови и во еден ред глаголички букви бил откриен како случаен наод ка] село-то Чечане, ]угозападно од Вучитрн на просторот од Косово, во рамките на малата римска тврдина (refugium) [Томовиъ 1990: 7, Сл. 1,1; Ивано-виъ 1997: 27, Сл. 25]. Позицщата на археолошкиот локалитет Чечане каде што бил откриен хоризонт од средновековниот период се наогала на стариот пат (северен крак на Вардарскиот пат, via Axia) по ко] се пату-вало и во средновековниот период ко] започнувал во Солун и одел преку Брегалница, потоа ка] Кожле и Скоп]е продолжувал на север кон Лип-лан, Вучитрн и стигнувал кон Рас [Evans 1885: 143; Шкриваниъ 974: 99-100, 105-106; Томоски 1975: 74; Матанов 1997: 218].

При градеае на новата црква подигната во XV век во манастирот на Св. Наум на ]ужните брегови од Охридското Езеро, била вградена мермерна колонка со врежан глаголички натпис [Михеев 2014: 207, Рис. 1-3]. Употребата на оваа колонка во конструкцщата на трибелонот укажува на тоа дека можеби припагала на првата црква изградена токму од страна на преподобен Наум Охридски во почетокот на Х век [Коцо 1958: 79].

На иста мермерна колонка во трибелонот е врежан натпис со гла-голичко-кирилично писмо ко] што потекнува од периодот на крарт на Х и почетокот на XI век [Иванов 1970: 53; Мареш 1985; Михеев 2013: 53; 2014: 205].

Фрагменти од керамички садови со врежани глаголички натписи се прона]дени за време на археолошките ископувааа ка] селото Залавар на ]угозападната страна на езерото Балатон во Унгарща во 2005 и 2009 година [Szoke 2010: 48-49, Abb. 21]. Овие фрагменти несомнено се однесу-ваат на дероста на св. Методщ како прв словенски епископ во старата

диецеза Панонща, каде што се наогало и Блатенското кнежевство. Сло-венската архиепископща на св. Методщ се служела со глаголичките букви за пишуваае на богослужбени текстови според практикуван латин-

скиот обред [ПЕнтковский 2014: 90].

* * *

Како заклучок треба да се нагласи, дека керамичките садови со глаго-лички натписи кои се датирани во Х век, чии што фрагменти се про-нацени за време на археолошките ископувааа на средновековната сло-венска населба на просторот од римскиот театар во Скупи, сведочат за активната употреба на нартарото словенско писмо во Скопскиот регион. Како и понатамошната употреба на глаголицата ко}а што била ди-ректно поврзана со плодната дерост на св. Климент Охридски, св. Наум Охридски, како и словенските епископи Константин (Брегалнички) и Марко од Девол и голем дел од учениците, за создавав и ширеае на словенската литургща врз основа на византискиот (православен) обред.

Библиограф^а

Алексова 1989

Алексова Б., Епископи]ата на Брегалница (Прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонка), Прилеп, 1989.

-1995

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

Алексова Б., Loca Sanctorum Macedoniae: култ на мартирите во Македонка од IVдо IX век, Скощ'е, 1995.

Бабик 1995

Бабик Б., "Денешните територии на Република Македонщ'а и Република Албанщ'а во VII-VIII век", во: Цивилизации на почвата на Македони/а-прилози за истражуватето на истори]ата на културата на почвата на Македонка, 2, Скощ'е, 1995, 153-182. Братож 2000

Братож Р., "Ранохристщ'анската црква во Македонщ'а и не]зините односи со Рим", Македонско наследство, 5/13, 2000, 3-82.

Гарашанин, Корачевик 1979

Гарашанин М., Корачевик Д., "Базиликата II во Скупи", Macedonia Acta Archaeologica, 5, 1979, 31-46.

Иванов 1970

Иванов Й., Български старини из Македония, София, 1970. ИвАновиъ 1997

ИвАновиъ М., "Културна баштина Косова и Метохщ'е: I део (од праисторщ'е до XII века)", у: Старине Косова и Метохи]е, 10, Приштина, 1997, 9-30.

ИлиЕвски 2001

ИлиЕвски Х. П., По]ава и развод на писмото (со посебен осврт кон почетоците на словенската писменост), Скощ'е, 2001.

Jobahoba 2008

Jobahoba Л., Скупи Colonia Flavia Scupinorum: Водич, Скощ'е, 2008. --2015a

Jobahoba Л., Скупи-некрополи (Стории за истакнати личности според епиграфските и археолошки сведоштва) (= Inventaria Archaeologica Personarum, 2), Скощ'е, 2015. --2015б

Jobahoba Л., "Скупи-Сектор Jугоисточен бедем, културна стратиграфщ'а, 2008-2010 година", Macedoniae Acta Archaeologica, 21, 2015 (во печат).

Коракевик 2002

Коракевик Д., Скупи: градска територца, Скощ'е, 2002. Коцо 1958

Коцо Д., "Проучувааа и археолошки испитувааа на црквата и манастирот Св. Наум", во: Зборник на Археолошкиот музеj на Македонца (1957-1958), 2, Скощ'е, 1958, 56-80.

Кузмановски 2016

Кузмановски И., Средновековна некропола на просторот од античкиот театар во Скупи, Скощ'е, 2016.

ЛилчиК 2013

ЛилчиК В., "Македонщ'а во доцната антика (Археологщ'а)", во: Македонца — милениумски културно-историски факти, Скощ'е, 2013, 963-1032. Манева 1994

Манева Е., "Средновековен период (VII-XIV век)", во: Археолошка карта на Република Македонца, 1, Скоще, 1994, 165-179. --1995

Манева Е., "Аспекти на проблематиката на средновековната матерщ'ална култура во Македонщ'а", во: Цивилизации на почвата на Македонца — прилози за истражуватето на исторцата на културата на почвата на Македонца, 2, Скощ'е, 1995, 127-152.

--2013

Манева Е., "Раносредновековна матерщ'ална култура во Македонщ'а", во: Македонца: милениумски културно-историски факти, Скощ'е, 2013, 1263-1328.

Мареш 1985

Мареш Ф. В., "Стари словенски натписи (графити) во црквата на манастирот Свети Наум на Охридското езеро", во: Наум Охридски, Охрид, 1985, 9-12.

Матанов 1997

Матанов Х., Княжеството на Драгаши (към историята на Североисточна Македония в предосманската епоха), София, 1997.

Медынцева, Попконстантинов 1984

Медынцева А. А., ПопконстАнтинов К. К., Надписи из Круглой церкви в Преславе, София, 1984.

МикулчиК Г. 1983

МикулчиК Г., "Нови старословенски наоди во Македонща", во: Зборник на Археолошкиот музеj на Македонца (1979-1982), 10-11, Скощ'е, 1983, 143-146.

МикулчиК И. 1982

МикулчиК И., Скопле со околните тврдини, Скощ'е, 1982.

Михеев 2013

Михеев С. М., "Два кратких глаголических граффити в монастыре св. Наума под Охридом и в Св. Софии в Стамбуле", Slovene, 2/2, 2013, 52-63.

-2014

Михеев С. М., "Древние надписи-граффити в монастыре св. Наума под Охридом: Предварительные наблюдения", во: Кирилометодиевската традици]а и македонско-руските духовни и културни врски. Зборник на трудови од Мегународниот научен собир. Охрид, 3-4 Октомври 2013, Скоще, 2014, 205-208.

МУЧАй ET AL. 2014

Мучай С., Джуери С., Ристани И., Пентковский А. М., "Средневековые церкви в долине Шушицы (Южная Албания) и славянская епископия свт. Климента Охридского", Slovene, 3/1, 2014, 5-42.

Ончевска-Тодоровска 2010

Ончевска-Тодоровска М., "Занаетчиството и применетата уметност во доцната антика преку метални предмети од Скупи", Macedoniae Acta Archaeologica, 19, 2010, 281-295.

ПЕнтковский 2014

Пентковский А. М., "Славянское богослужение в архиепископии святителя Мефодия", у: J. Радиъ, В. Савиъ, уред., Свети Ъирило и Методике и словенско писано наслеге: 8632013 (= Старословенско и српско наслеге, 1), Београд, 2014, 25-102.

--2015

ПЕнтковский А. М., "К истории славянского богослужения византийского обряда в начальный период (кон. IX - нач. X вв.): Addenda et corrigenda", Богословские труды, 46, 2015, 117-146. Поленаковик 1969

Поленаковик Х., "Ширеае на христщ'анството и книжевноста raj македонските словени", во: Историка на Македонскиот народ, 1/2, Скощ'е, 1969, 98-106.

ПопконстАнтинов, Мединцева 1982

ПопконстАнтинов К., Мединцева А., "За глаголическите надписи от X в.", Археология, 2, 1982, 27-37. ТолЕвски 2016

ТолЕвски И., Средновековна населба подигната врз урнатините на античкиот театар во Скупи, Скощ'е, 2016 (во печат). Томовиъ 1990

Томовиъ Г., "Глаголски натпис са Чечана", Историски часопис, 37, 1990, 5-19. Томоски 1975

Томоски Т., "Скощ'е од XI до XIV век", во: Споменициза средновековната и поновата истори]а на Македони/а, 1, Скощ'е, 1975, 57-74. ШкривАниъ 1974

ШкривАниъ Г., Путевиу средмовековно] Срби]и, Београд, 1974. Evans 1885

Evans J. A., Antiquarian Researches in Illyricum, 4, London, 1885. Jovanova 2015a

Jovanova L., "Scupi Transition from Imperial Colony to Late Antiquity Metropolis," Folia Archaeologica Balkanica, 3, 2015, 219-252. --2015b

Jovanova L., Scupi Colonia Flavia Scupinorum, Skopje, 2015. Szoke 2010

Szoke B. M., "Mosaburg, Zalavar und Pannonien in der Karolingerzeit," Anteus, 31-32, 2010, 9-52.

Antonio Jakimovski

SS. Cyril and Methodius University, Skopje, Republic of Macedonia Igor Tolevski

Kirill Trajkovski Foundation, Skopje, Republic of Macedonia

Glagolitic Inscriptions on Ceramic Vessels Uncovered during Archaeological Excavations in Scupi (Skopje)

Abstract

During archaeological excavations of a Roman theater in Skopje from 2013 to 2016, traces of a Slavic population were uncovered. In the medieval layer of the excavation, which preserves fragments of houses, there were uncovered two ceramic fragments with Glagolitic inscriptions on them, indicating the presence of a Slavic community in this place.

Key words

Skopje, Roman theater, Slavic population in the Balkan, Glagolica, Glagolitic epigraphic

References

Aleksova B., Episkopijata na Bregalnica (Prv slov-enski crkoven i kulturno-prosveten centar vo Makedonija), Prilep, 1989.

Aleksova B., Loca Sanctorum Macedoniae: kult na martirite vo Makedonija od IV do IX vek, Skopje, 1995.

Babic B., "Denesnite teritorii na Republika Makedonija i Republika Albanija vo VII-VIII vek," in: Civilizacii na pocvata na Makedonija-prilozi za is-trazuvanjeto na istorijata na kulturata na pocvata na Makedonija, 2, Skopje, 1995, 153-182.

Bratoz R., "Ranohristijanskata crkva vo Makedonija i nejzinite odnosi so Rim," Makedonsko nasledst-vo, 5/13, 2000, 3-82.

Garasanin M., Koracevic D., "Bazilikata II vo Sku-pi," Macedonia Acta Archaeologica, 5, 1979, 31-46.

Ilievski H. P., Pojava i razvoj na pismoto (so poseben osvrt kon pocetocite na slovenskata pismenost), Skopje, 2001.

Ivanov Y., Bülgarski starini iz Makedoniia, Sofia, 1970.

Ivanovic M., "Kulturna bastina Kosova i Meto-hije: I deo (od praistorije do XII veka)," u: Starine Kosova i Metohije, 10, Pristina, 1997, 9-30.

Jovanova L., "Scupi Transition from Imperial Colony to Late Antiquity Metropolis," Folia Ar-chaeologica Balkanica, 3, 2015, 219-252.

Jovanova L., Scupi Colonia Flavia Scupinorum: Guide, Skopje, 2008.

Jovanova L., Scupi Colonia Flavia Scupinorum, Skopje, 2015.

Jovanova L., Skupi-nekropoli (Storii za istaknati licnosti spored epigrafskite i arheoloski svedostva), Skopje, 2015.

Jovanova L., "Skupi-Sektor Jugoistocen bedem, kulturna stratigrafija, 2008-2010 godina," Macedoniae Acta Archaeologica, 21, 2015 (forthcoming).

Koco D., "Proucuvanja i arheoloski ispituvanja na crkvata i manastirot Sv. Naum," in: Zbornik na Arheoloskiot muzej na Makedonija (1957-1958), 2, Skopje, 1958, 56-80.

Koracevic D., Skupi: gradska teritorija, Skopje, 2002.

Kuzmanovski I., Srednovekovna nekropola na prostorot od antickiot teatar vo Skupi, Skopje, 2016.

Lilcic V., "Makedonija vo docnata antika (Arheo-logija)," in: Makedonija — mileniumski kulturno-isto-riski fakti, Skopje, 2013, 963-1032.

Maneva E., "Srednovekoven period (VII-XIV vek)," in: Arheoloska karta na Republika Makedonija, 1, Skopje, 1994, 165-179.

Maneva E., "Aspekti na problematikata na sred-novekovnata materijalna kultura vo Makedonija," in: Civilizacii na pocvata na Makedonija — prilozi za istrazuvanjeto na istorijata na kulturata na pocvata na Makedonija, 2, Skopje, 1995, 127-152.

Maneva E., "Ranosrednovekovna materijalna kultura vo Makedonija," in: Makedonija: mileniumski kulturno-istoriski fakti, Skopje, 2013, 1263-1328.

Mares F. V., "Stari slovenski natpisi (grafiti) vo crkvata na manastirot Sveti Naum na Ohridskoto ezero," in: Naum Ohridski, Ohrid, 1985, 9-12.

Matanov H, Kniazhestvoto na Dragashi (kUm isto-riiata na Severoistochna Makedoniia v predosmanska-ta epokha), Sofia, 1997.

Medyntseva A. A., Popkonstantinov K. K., Nad-pisi iz Krugloi tserkvi v Preslave, Sofia, 1984.

Mikheev S. M., "Two Short Glagolitic Graffiti in St. Naum's Monastery near Ohrid and in Hagia Sophia in Istanbul," Slovene, 2/2, 2013, 52-63.

Mikheev S. M., "Drevnie nadpisi-graffiti v mona-styre sv. Nauma pod Okhridom: Predvaritel'nye nabliu-deniia," in: Zbornik na trudovi od Megunarodniot naucen sobir Kirilometodievskata tradicija i makedonsko-ruskite duhovni i kulturm vrski, Skopje, 2014, 205-208.

Mikulcic G., "Novi staroslovenski naodi vo Make-donija," in: Zbornik na Arheoloskiot muzej na Make-donija (1979-1982), 10-11, Skopje, 1983, 143-146.

Mikulcic I., Skopje so okolnite tvrdini, Skopje, 1982.

Muçaj S., Xhyheri S., Ristani I., Pentkov-skiy A. M., "Medieval Churches in Shushica Valley (South Albania) and the Slavonic Bishopric of St. Clement of Ohrid," Slovene, 3/1, 2014, 5-42.

Oncevska-Todorovska M., "Zanaetcistvoto i pri-menetata umetnost vo docnata antika preku metalni predmeti od Skupi," Macedoniae Acta Archaeologica, 19, 2010, 281-295.

Pentkovskiy A. M., "Slavonic Liturgy in the Archdiocese of Archbishop Methodius," in: Sveti Cirilo i Metodije i slovensko pisano naslede (8632013), Beograd, 2014, 25-102.

Pentkovskiy A. M., "On the History of the Slavonic Worship of the Byzantine Rite in the Initial Period (Late 9th-Early 10th c.): Addenda et corrigenda," Bogoslovskie trudy, 46, 2015, 117-146.

Polenakovic H., "Sirenje na hristijanstvoto i kni-zevnosta kaj makedonskite sloveni," in: Istorija na Makedonskiotnarod, 1/2, Skopje, 1969, 98-106.

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

Popkonstantinov K., Medyntseva A., "Za glago-licheskite nadpisi ot X v.," Arkheologiia, 2, 1982, 27-37.

Skrivanic G., Putevi u srednjovekovnoj Srbiji, Beo-grad, 1974.

Tolevski I., Srednovekovna naselba podignata vrz urnatinite na antickiot teatar vo Skupi, Skopje, 2016 (forthcoming).

Tomoski T., "Skopje od XI do XIV vek," in: Spo-menici za srednovekovnata iponovata istorija na Ma-kedonija, 1, Skopje, 1975, 57-74.

Tomovic G., "Glagoljski natpis sa Cecana," Isto-riski casopis, 37, 1990, 5-19.

Szoke B. M., "Mosaburg, Zalavar und Pannonien in der Karolingerzeit," Anteus, 31-32, 2010, 9-52.

Acknowledgements

Prof. Rev. Jovan Takovski, SS. Cyril and Methodius University, Skopje Prof. Elica Maneva, SS. Cyril and Methodius University, Skopje Acad. Gorgi Pop Atanasov, Macedonian Academy of Sciences and Arts, Skopje Prof. Boban Petrovski, SS. Cyril and Methodius University, Skopje Dr. Savva M. Mikheev, Institute for Slavic Studies of the Russian Academy of Sciences, Moscow

доц. д-р Антонио JaKHMOBCKH

Универзитет "Св. Кирил и Методи]", Филозофски Факултет бул. "Гоце Делчев" 9а 1000 Скоп]е

Република Македони]а / Republic of Macedonia antonio@fzf.ukim.edu.mk

Игор Толевски

Фондаци]а Кирил Тра]ковски Ке] Димитар Влахов б.б. 1000 Скоп]е

Република Македони]а / Republic of Macedonia igor.tolevski@gmail.com

Received August 15, 2016

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.